-->
-->
Нова закана од ИСИС: Европа ќе ја плати најужасната цена
-->
Терористите од Исламска држава поставија видео снимка на интернет, на која се гледа како Ајфеловата кула паѓа.
Тие користеле снимки од холивудскиот филм “GI Joe: Rise of the Cobra.” Спотот е насловен “Падот на Париз”.
Повеќето обраќања се сепак пораките кои се слушаат зад сликата, и се чита прво на арапски, а потоа на француски, соопшти breaking911.com.
“О, Французи, о, Европејци.” Исламска држава “дури и не започнала вистинска војна со вас. Откако вие почнавте војна против нас, ќе платите сега со најужасната цена – вашите сопствени синови да војуваат против вас “, гласи пораката.
И продолжува: Ние му носиме на Оланд и на Обама добри вести поврзани со сите овие напади. Алах одлучи ние да им одговориме со појаси со експлозиви и автомобили-бомби “.
Видеото со последниот ултиматум доаѓа како продолжение на клиповите кои фанатиците ги пуштија пред неколку дена со закани за нови напади во врска Вашингтон и Њујорк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот