Свет
23. November 2015 - 17:15

Нова закана од ИСИС: Европа ќе ја плати најужасната цена

 Терористите од Исламска држава поставија видео снимка на интернет, на која се гледа како Ајфеловата кула паѓа.
 
Тие користеле снимки од холивудскиот филм “GI Joe: Rise of the Cobra.” Спотот е насловен “Падот на Париз”.
 
Повеќето обраќања  се сепак пораките кои се слушаат  зад сликата, и се чита прво на арапски, а потоа на француски, соопшти breaking911.com.
 
“О, Французи, о, Европејци.” Исламска држава “дури и не започнала вистинска војна со вас. Откако вие почнавте војна против нас, ќе платите сега со  најужасната цена – вашите сопствени синови да војуваат против вас “, гласи пораката. 
 
И продолжува: Ние му носиме на Оланд и на Обама добри вести поврзани со сите овие напади. Алах одлучи ние да им одговориме со појаси со експлозиви и автомобили-бомби “. 
 
Видеото со последниот ултиматум доаѓа како продолжение на клиповите кои фанатиците  ги пуштија пред неколку  дена со закани за нови напади во врска Вашингтон и Њујорк.