Нова веб страница за полесен пристап до работнички права
Нова синдикална веб страница www.rabotnickiprava.mk е пуштена во употреба во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за пристојна работа - 7 Октомври.
Целта е да се овозможи полесен пристап до информации за работничките права. Има намена да ги едуцира и информира работниците, со цел да бидат подобро запознаени со своите права, како брзо да реагираат и да се заштитат.
Веб-страницата е заедничка активност на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита. Финансирана е од Европската Унија преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, а е реализирана од Меѓународната организација на трудот - МОТ. Со ова официјално започнува и медиумската кампања наменета за подобра заштита на правата на работниците, и со цел обезбедување поголема нивна благосостојба.
Страницата е поделена во неколку категории со цел корисниците лесно и брзо да може да се снајдат. Дискриминација, мобинг, колективно договарање, право на одмор, плата - се само дел од темите кои се поставени на насловната страница. За истакнување е делот за често поставувани прашања, каде работниците може да се информираат од туѓите искуства и да се охрабрат да ги постават своите прашања со цел да решат некакви проблеми.
Веб-страницата www.rabotni;kiprava.mk се промовира на Светскиот ден на пристојна работа, кој традиционално секоја година се одбележува на 7 октомври насекаде низ светот. Целта е работниците да добијат гаранција за своите права, сигурност, подобра плата и подобри услови за работа, што севкупно ќе придонесе подостоинствен работен век секому.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност