Македонија
27. September 2017 - 8:23

Нова веб страница на АВМУ за лица со оштетен вид

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе го одржи третиот јавен состанок на кој ќе ја презентира новата веб страница адаптирана за лица со целосно или делумно општетување на видот.

Покрај ова, ќе бидат презентирани и реализираните активности на Агенцијата за изминатото тримесечје, како и Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.

На состанокот ќе бидат презентирани и правилата за изборно медиумско претставување и методологијата согласно која се врши мониторинг во овој изборен перио