Македонија
26. September 2016 - 19:42

Нова училишна зграда во Општина Кисела Вода

Основците од Кисела Вода излегоа од старите пост земјотресни бараки од 60тите години. Во нов објект почна учебната година за учениците од Невена Георгиева Дуња. 15 училници и 5 кабинети, нови клупи, столчиња, табли и најсовремени елементи за следење на наставата.  Има капацитет за 600 ученици , а оваа година учат 512 основци. Училиштето е изградено за една година, а во тек е реконструкција и на училишната сала.

За две ипол години ова е второ ново училиште во Општината. Лани беше пуштено во употреба и  основното Рајко Жинзифов во населбата Драчево.

За овој училишен објект МОН вложи 80милиони денари во изградба и опремување. Минатата недела беше пуштено и реконструираното подрачно училиште во населба Хром, Димитар Поп Георгиев Беровски за учениците од прво до петто одделение. Учебната година во ново средно училиште ја почнаа и учениците од Сарај кое е изградено на површина од 4405 метри квадратни а наставата се одвива во 12 училници, 4 кабинети а во истото има и  фискултурна сала , читална и  библиотека.