Нова турска инвестиција и можност за 200 вработувања
Турската компанија од автомобилската индустрија „Чагатај кабло“ за месец и половина ќе почне со изградба на капацитет во Македонија, инвестиција вредна 6 милиони евра со која ќе се овозможи директно вработување на 200 лица, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Договорот за инвестицијата се потпиша вчера, а градбата ќе почне во јули и ќе се протега на 6.700 метри квадратни. Компанијата ќе инвестира 6 милиони евра и ќе овозможи вработување на 200 луѓе во првата фаза, а размислуваат и за втора фаза. Истата компанија во Турција има фабрика која се протега на 14.000 метри квадратни, рече Груевски по денешната обколка на пречистителната станица во Волково, општина Ѓорче Петров.
Компанијата, додаде, ќе призведува кабли и други електрични инсталации за автомобили, автобуси, возила во градежниот сектор и други возила и механизација.
- Најголем добавувач ќе им биде компанијата Ванхол која ја привлековме од Белгија да инвестира во Македонија, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека Ванхол е магнет за привлекување и на други странски компании во земјава.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра