Балкан
19. August 2016 - 11:26

Нова трагедија во Мостар, реката одзеде детски живот

Малолетниот А.Х. (16) загина синоќа кога се лизнал од карпа и паднал во реката дрежанка, во местото Ступина - Потпоље кај Мостар.

Телото на момчето е извлечено од вода, но за точната причина за смртта ќе се знае кога ќе заврши обдукцијата, потврдија од МВР на БиХ.

Сепак, полициската патрола дошла до сознание дека момчето ловело риба заедно со М.Т. (41) и се лизнало од карпа и паднало во водата.

Поради непристапноста на теренот и мракот увидот синоќа е прекинат, но е продолжен утрово.

Несреќата е пријавена во полиција вчера во 20.25 часот.

Реката Дрежанка инаку е познато капалиште, каде секоја година се одржуваат скокови.