Свет
27. September 2015 - 17:27

Нова трагедија со мигранти

Седумнаесет мигранти  се удавија кога бродот со кој патувале кон грчкиот остров Кос  се превртел и потонал .  Трагедијата се случила во близина  на брегот на  турското летовалиште Бодрум . На бродот имало 37 патници  од кои  20  успеала да спаси  турската крајбрежна стража  .

Први воздушни напади на Франција врз позиции на ИД во Сирија

ФРанција  ги изврши првите воздушни  напади врз позиции на Исламска држава во Сирија. Во нападите се погодени цели идентификувани за време на извидувачките мисии спроведени во последните две недели се вели во соопштението на канцеларијата на претседателот Оланд.. Француски воени авиони досега вршеа воздушни напади врз позиции на џихадистите  во Ирак.

Се отвори дупка на плажа во Австралија, голташе автомобили и куќи

Стотина метри широка дупка  неочекувано се отвори во популарен камп на плажата Рејнбоу во австралиската  сојузна  држава Квинсленд, , голтајќи неколку автомобили и камп-куќичка. Песокот на плажата пропаѓал неколку метри во длабочина и исчезнувал во морето. Полицијата известила дека туристите биле навреме  евакуирани и за среќа никој не е повреден. Австралиските медиуми пишуваат дека   на истото место слична дупка се појавила во 2011 година.