Македонија
11. March 2016 - 16:22

Нова трагедија ја потресе Македонија: Пронајдена мртва жена

Шеесет годишната Љубинка К. од пехчевското село Робово вчера попладне била пронајдена почината кај реката Иглика во истото село.

Телото на несреќната жена го пронашол 28 годишниот Ѓ.П. на триесетина метри од мостот на реката, кој случајот го пријавил во полицијата.

По извршениот увид утврдено е дека смртта настапила како последица на давање. Телото на Љубинка е предадено на семејството за погреб.