Свет
19. August 2017 - 10:13

НОВА ТРАГЕДИЈА: Автомобил влета во трговски центар, има повредени

Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и едно бебе, откако автомобил влета во една продавница во трговски центар во Сиднеј, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата соопшти дека овој инцидент го третира како незгода.

Една жена со тешки повреди е префрлена со хеликоптер во болница. Како што велат очевидци, возачот на автомобилот останал на местото и соработува со полицијата.