Бизнис
28. July 2016 - 16:11

Нова странска инвестиција во Општина Илинден - 40 нови работни места

Нова странска инвестиција во општина Илинден. ГРАД Екологија ќе инветсира 12 милиони евра и ќе отвори педесетина нови работни места. Компанијата ќе произведува дизел гориво преку трансформација на отпадно масло.

Илинден е една од општините со најголем број инвестиции дури 181, од нив дури 32 се странски директни инвестиции. Ова придонесе општината да има најниска стапка на невработеност во земјава.

Само по повод патрониот празник на општината Илинден, поставени се четири нови камен темелници за изгрдба на фабрики во врендост од 17 милиони евра каде ќе бидат отврени 230 работни места.

Најновата инветсиција, ГРАД Екологија доаѓа во Илинден откако за можностите за инветсирање слушнале на еден бизнис форум во Германија.

Новата инветсиција освен што ќе отвори нови работни места, ќе донесе бенефит и за другите домашни компании кои досега отпадното масло го носеа дури во Австрија. ГРАД Екологија има вакви постројки во Германија, Шпанија, Швајцарија, Полска,Австрија, Мексико, САД и Канада.