Балкан
13. November 2017 - 10:35

Нова средба меѓу Волкер и Сурков во Белград за украинската криза

Претставниците на САД и на Русија задолжени за конфликтот во источна Украина, Курт Волкер и Владислав Сурков, денеска ќе одржат нова средба во Белград, на која ќе се дискутира за можноста за распоредување на мировни сили. 

Волкер и Сурков од август досега имаа по една средба во Минск и во Белград.

Според „Вол Стрит џурнал“, Волкер ќе предложи распоредување на 20.000 мировници од европските држави, определени под покровителство на ОБСЕ. Оваа мисија би требало да стави крај на конфликтот меѓу проруските сепаратисти и украинските безбедносни сили во југоисточните делови на Украина.

Украина е против опцијата меѓу мировните сили да има и руски војници, како што Русија предложи во септември во ОН. Проруските сепаратисти се согласуваат во областите Доњецк и Луганск да се распоредат само невооружени набљудувачи.