Македонија
13. February 2018 - 16:08

Нова рунда преговори за името - Димитров, Коѕијас и Нимиц преговараат во Виена

Повеќе од 5 часа трае средбата на медијаторот Нимиц со министрите за надоврешни работи на Македонија и Грција. Во обид за надминување на разликите околу спорот со името и обновениот дијалог помеѓу двете земји, ова е прва средба на министерско ниво.

Во пресрет на денешнате разговори Димитров и Коѕијас на заедничка средба во Виена вчера ги усогласуваа позицииите, но детали не објавија ниту македонско, ниту грчкото министерство за надворешни работи. Засега нема информации дали на средбата се разгледува нацрт-договорот од четири точки кој Коѕијас го најави како прв чекор кон решавање на деценискиот спор.

Според грчкиот министер, доколку оваа спогодба биде прифатена и добие зелено светло од парламентите на двете земји, ќе биде отворен и патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.  

 Во јавноста нема информации што содржи овој документ и каква спогодба би постигнале двете земји со оглед на фактот што според премиерот Зоран Заев, македонската страна е подготвена да прифати име со географска одредница, но без промени на Уставот, додека грчкиот државен врв останува на позицијата за име за севкупна употреба и уставни промени за повлекување на иредентискичките ставови.

Според најавите преговорите околу деценискиот спор влегуваат во финална фаза, а во следните недели се очекува интензивирање на разговорите помеѓу Скопје и Атина.