Кошарка
16. March 2017 - 10:02

Нова рунда натпревари во кошаркарската Евролига

 
 
 Во кошаркарската Евролига денеска и утре ќе се одиграат по четири натпревари од 26.коло.
 
Денешната програма ќе биде отворена со дуелот во Истанбул каде од 18 часот ќе започне мечот меѓу Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив. 
 
Во терминот од 20:15 часот во Атина кај Панатинаикос гостува лидерот на табелата Реал Мадрид, додека од 20 часот и 45 минути ќе започнат средбите меѓу, Бамберг – Фенербахче и Армани Милано – Црвена звезда.
 
Во останатите четири натпревари од оваа рунда утре ќе играат:
Уникс Казан – Жалгирис, 
Дарушафака – Барселона, 
Олимпијакос – Галатасарај и 
Басконија – ЦСКА Москва. 
 
Табела: Реал Мадрид 19-6 (победи-порази), ЦСКА Москва 19-6, Олимпијакос 18-7, Фенербахче 16-9, Басконија 14-11, Панатинаикос 14-11, Црвена звезда 14-11, Анадолу Ефес 13-12, Дарушафака 12-13, Жалгирис 11-14, Барселона 10-15, Бамберг 9-16, Макаби Тел Авив 9-16, Галатасарај 8-17, Уникс 7-18, Армани Милано 7-18