Македонија
15. September 2017 - 16:45

Нова пречка на патот до подобар живот за прилепчанката Атина - извршителите и тропнаа на врата

Тешко-инвалидната прилепчанка Атина Џеладин, која со својата 25-годишна ќерка живее во екстремно лоши услови - на само неколку метри квадратни изнајмен простор во кои: јаде, спие и ги извршува физиолошките потреби, од вчера се соочуваат со нов проблем. По налог на веќе извршно решение, тие може да бидат исселени од куќата во која живеат во  изминативе 10 години и буквално да останат на улица. 
 
Случајот на Атина не е непознат за социјалните служби од МЦСР. Оттаму потврдуваат дека Атина ги добива сите надоместоци од државата, но, како што појаснува директорот Живко Силјаноски, актуелниот психолошки притисок од можноста да бидат исселени и да останат без покрив над главата, е приритет кој тие како Центар ќе се обидат да го решат.
 
Во меѓувреме, веднаш по објавата на оваа тажна сторија на Сител, до семејството започнале да пристигнуваат и првите скромни парични средства од хуманите луѓе, главно од странство. Иако се премалку, мајката и ќерката се преблагодарни и на нив.
    
Инаку, како што веќе пишувавме, на 48-годишната Атина Џеладин пред осум години, ампутирани и се двете нозе. Заради немањето инвалидска количка, исто толкав период таа воопшто не е излезена ниту од дома. За неа се грижи 25-годишната ќерка која е невработена. Соодветното сместување, инвалидската количка, како и евентуалното вработување на девојката, им се повеќе од неопходни.