Спорт плус
17. јуни 2017 - 23:06

Нова победа за Македонија, совладана Албанија со 3-0

Македонската одбојкарска репрезентација ја оствари втората победа во групната фаза од Европската лига, откако вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје со убедливи 3-0 ја совлада селекцијата на Албанија.
 
Предводени од Никола Георгиев кој најчесто ги завршуваше нападите „Спартанците“ го добија првиот сет со 25:21. Во вториот беа уште поубедливи и го решија во своја полза со 25:16. Најнеизвесно беше во третиот сет кој заврши со 25:22.
 
На првиот дуел од А-групата, Шведска го победи Азербејџан со 3-2.
По вечерашниот триумф македонските одбојкари се лидери на табелата со максимални 6 бода. Шведска е втора со 3, Албанија има 2, а Азербејџан е последен со само 1 бод.
 
Македонија утре од 19 часот и 30 минути игра со Шведска, додека Албанија и Азербејџан од 17 часот ќе го отворат 3.коло.