Македонија
23. March 2017 - 14:39

Нова кампања за поголема свесност и безбедност во сообраќајот

Донации на едукативни сообраќајни полигони во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, изведување на театарски претстави на тема безбедноста во сообраќајот, како и дистрибуирање на боенки со основните сообраќајни правила е новата кампања на ОКТА насловена „Јас внимавам“, која ја спроведува во сораборка со Министерството за внатрешни работи.

Во кампањата ќе бидат вклучени и најмладите учесници во сообраќајот, а е насочена кон зголемување на свесноста за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

- Секој месец ќе биде посветен на различна тема од сообраќајот со поддршка од голем број јавни личности, а ќе има и награди за совесните возачи.  Кампањата стартува со најчесто прекршуваното правило - учество во сообраќајот под дејство на алкохол, информираат од МВР.