Македонија
14. March 2017 - 23:36

НОВА ИСТРАГА: Шест влијателни сенатори со писмо до Тилерсон упатуваат жестоки критики кон Бејли

Републиканците и новата администрација на Доналд Трамп тргнаа против Џорџ Сорос во Македонија. Американски сенатори најавија нова, петта истрага против работата на американскиот амбасадор Џес Бејли во Скопје. Тие официјално побараа од Рекс Тилерсон да се истражи каде завршувале парите од УСАИД во Македонија.

Шест влијателни сенатори во писмо до новиот американски државен секретар Рекс Тилерсон изнесуваат жестоки критики до Џес Бејли и притоа се бара истрага во Стејт Департментот за фондовите на УСАИД и Сорос. Меѓу сенаторите е и поранешниот претседателски кандидат ан Републиканците, кој доаѓа од од една од најголемите држави, Тексас.

Покрај Тед Круз, во писмото до Тилерсон потпишани се и сенаторите Мајк Ли од Јута, Џим Инхоф од Оклахома,
Роберт Пердју од Џорџија,  Том Тилис од Северна Каролина и Бил Кесиди од Луизијана. Сенаторот Ли и групата сенатори го повикаа државниот секретар Тилерсон веднаш да се испита како американските фондови се користат од страна на Стејт Департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) за поддршка на левичарските политички групи. Една таква група е фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, која е огромен корисник на грантовите од УСАИД. Сенаторот Ли и неговите колеги веруваат дека таквото однесување е неприфатливо и мора веднаш да запре.

-Во текот на изминатите неколку месеци, претставници и политички лидери на странски држави дојдоа до мене, со разочарувачки вести и извештаи за активностите на САД во нивните земји. Во ова се вклучени извештаи за играта на дипломатите со омилените политички страни, средствата на УСАИД за поддршка на екстремни и понекогаш насилни политички активисти, и за работата на Владата на САД за маргинализирање на умерените и конзервативците во лидерските улоги, пишува сенаторот вели Ли и додава дека “овој вид на политичко фаворизирање од нашите мисии низ целиот свет е неприфатливо и ги загрозува нашите билатерални односи”.

Во писмото се повикува Тилерсон да “ги испита сите средства поврзани со унапредувањето на демократијата и владеењето, како и преглед на програми, сметки, и мноштво на субјекти на САД кои се вклучени во таквите активности.

-Ние мора да видиме како сите нашите даночни долари се искористуваат за да се запрат активностите што поттикнуваат политички немири, непочитување на националниот суверенитет и граѓанското општество, и на крајот ги поткопаат нашите обиди да се изградат корисни меѓународните односи, вели Сенаторот Ли и изразува надеж дека државниот секретар, Тилерсон ќе дејствува брзо по ова прашање и со нетрпение очекува да продолжат да работат со него во иднина.

Упатените коментираат дека Сенатот е директно надлежен во потврдувањето и надзорот врз амбасадорите на САД, така што ова е голем пораз за Џес Бејли и неговите соработници во Амбасадата на САД во Скопје. После седумтемина конгресмени кои побараа истрага за Бејли, ова е петта истрага која се најавува за Бејли.

senatori

Претходно, водечкиот американски републикански конгресмен Кристофер Смит најави истрага за политизирањето на улогата на американската амбасада во Македонија и го повика новоименуваниот државен секретар Тилерсон да го разреши амбасадорот Џес Бејли.

Сенаторите побараа објаснување од амбасадорот Бејли за обвинувањата дека Амбасадата во Скопје работи во полза на политички партии и финансира проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија. Откако Бејли не одговор на писмото на конгресмените, Смит, кој е член на конгресната Комисија за надворешни работи и претседава со Хелсиншкиот комитет за соработка со ОБСЕ, изјави дека е неопходна темелна истрага на активностите на американската амбасада во Македонија и разрешување на амбасадорот.

Најновото писмо упатено од шестмината сенатори дефинитивно претставува потврда на најавите дека Вашингтон го менува курсот и односот кон Македонија. Републиканците и новата администрација на Доналд Трамп тргнаа против Џорџ Сорос во Македонија.