Бизнис
28. јуни 2016 - 19:35

Нова инвестиција вредна 1,5 милион евра во општина Илинден, најавени 80 вработувања

Нова инвестиција  во  зоната  во Илинден.  Почна да се гради  логистички  центар  каде привремено  ќе се складираат  производи од Унгарија  пред да се дистрибуираат  до крајните потрошувачи.  Од тука ќе се снабдуваат и останатите земји од регионот.  Домашниот инвеститор  Еко Клуб кој го гради  центарот, ќе вложи 1,5 милиони евра и ќе отвори 80 нови работни места. Објектот ќе се протега на површина од 13. 000 метри квадратни и плус 8000  квадратни метри деловни простории.

Ниските цени на градежното земјиште, малите давачки и останатите  поволни услови за водење на бизнси  кои се нудат  се причина  инвеститорите  да  доаѓаат тука.

Новата инвестиција дополнително ќе ја зајакне економската соработка меѓу двете земји.

- Пред 2 години за прв пат тука отворивме претставништво на Унгарската трговска комора за Западен Балканот, што придонесе за нагло зголемување на обемот на размена меѓу нашите земји. Благодарејќи на ова и на успешно реализираните бизнис форуми во повеќе градови во Македонија, во 2014 година постигнавме најголем обем на размена дотогаш. Оваа размена во 2015 година ја зголемивме за уште 36 насто, а годинава за нови седум проценти, истакна Јозеф  Бенце- Амбасадор на Унгарија во Македонија

Ова е еднинствен ваков центар на унгарски производи  во регионот.

Со работа треба да почне во втората половина следната година.