Македонија
14. November 2017 - 19:15

Нова идеја: Посебен парк за спомениците од ,,Скопје 2014‘‘

Едни градат – други уриваат, тешко на народот; ќе срушите – и што ако пак не ве примат во НАТО; Ова се дел од граѓанските реакции на социјалните мрежи по најавата на Министерството за култура дека и споменикот „Воин на коњ“ е под лупата на работната група која треба да одлучи каква судбина ќе има спомен обележјето.. Слични реакции имаат и анкетираните граѓани..

Вчера Министерот за култура откри дека освен за Ќосето и Мајка Тереза, готов елаборат има и за споменикот Воин на коњ..

Според најавите на Министерството за култура, формираната работна група за проектот Скопје 2014, во следниот период ќе ги мониторира и порта Македонија како и Музејот на ВМРО..

Каква судбина ќе имаат спомениците за кои се готови елаборатите ќе одлучува владата..  Од таму велат дека утре ќе се одржи седница но се уште не знаат дали информацијата ќе се најде на деневен ред..

Од култура пак велат дека трите елаборати сега ги анализираат Министерство, општина Центар и Градот Скопје под чија надлежност биле поставени спомениците..

Инаку по вчерашниот предлог за претопување на спомениците, денеска од Агенцијата за филм како опција понудија изградба на парк во кој ќе се сместат сите спомен обележја од проектот Скопје 2014.

-Источно европските земји на пример отвориле парк на монументални музеи на социјалреализмот е моја една скромна идеа, вели Горјан Тозија, Дир на Агенција за филм.

Според Министерството за култура, работната група утврдила грешки во тендерите, пропусти во постапката за поставување на спомениците и нивното финансирање..п