Македонија
20. January 2017 - 11:13

Нова група словачки полицајци во зедничка патрола на границата со Грција

Нова група од  25 припадници на полицијата на Република Словачка ќе пристигнат во Македонија на 23-ти овој месец. Ова е шеста ротација на полицајци од Словачка кои ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија.

Словачките полицајци, врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија, спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Словачка во 2016-та година има испратено вкупно 125 полициски службеници,  што, како што наведуваат во соопштението од Словачката амбасада во Македонија, е најголем придонес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Македонија.

- Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекст на неодамна завршеното словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите беше „одржлива мигрантска и азилска политика”, стои во соопштението.