Македонија
30. August 2015 - 16:43

Нова градинка за 100 деца ќе се гради во Горно Лисиче

Дечињата од Горно Лисиче следната година ќе добијат нова детска градинка. Општина Аеродром и министерството за труд и социјална политика го стартуваат заедничкиот проект за изградба на нов објект кој ќе има капацитет за згрижување на 100 деца. Објектот ќе содржи две занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли и административен простор.

Овој проект е доказ за одличната соработка меѓу општината и министерството и треба да биде поттик и за останатите локални самоуправи.

Коневски и Спасов изјавија дека изградбата на вакви објекти во општината е од исклучително значење и реална потреба со оглед на зголемениот број деца за кои нема простор во останатите градинки.