Фудбал
20. September 2017 - 8:17

Нова голеада на Меси, торпедиран Еибар

Екипата на Барселона славеше убедливо со 6-1 против Еибар во 5.коло од Примера а нова мајсторија приреди Лионел Меси кој постигна 4 гола додека другите два беа дело на Паулињо и Суарез. 

Меси ја најави голеадата на „Камп Ноу" уште по 20. минути игра. Погодуваше и во 59. и 62. минута. А спектакуларниот настап го затвори во 87, кога погоди на на додавање на Видал.
По пет кола во Примера, Барселона е единствениот тим со максимален ефект – 15. бода. Дури пет повеќе во однос на Севиља која има и еден меч помалку.
Реал и Атлетико од Мадрид имаат по осум... исто така со еден натпревар помалку...