Бизнис
9. January 2016 - 19:44

Нова фабрика за чипс во битолско Кравари

Во битолското село Кравари денес беше пуштена во употреба првата фабрика во Македонија за производство на чипс од свеж компир. Напуштениот погон за производство на леб, се претвори во браунфилд инвестиција на иселеникот Горданчо Мирчевски кој во фабриката вложи три милиони евра и во првата фаза вработи 40 од планираните 100 лица.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски потсети дека Светската банка ја рангира земјава за условите за водење бизнис како шеста најдобра во Европа и дванаесетта во светот, а блиските релации со дијаспората се уште една причина нашинците да го зголемат интересот за инвестирање во татковината.

Фабриката за чипс во Кравари е втора на македонски иселеник од Австралија во Битола, а Општина Битола и понатаму тесно ќе соработува со македонската влада со цел намалување на бројот на невработени лица, порача градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Сопственикот на новата фабрика за чипс во Кравари ќе гради и магацински простор во Индустриската зона Жабени, каде пролетниот период се очекуваат уште неколку инвеститори.