Свет
10. February 2017 - 18:36

Нова ерупција на вулкан на Суматра

Вулканот Синабунг, на индонезискиот остров Суматра, почна денеска да исфрла чад и пепел високо во воздухот при последната експлозивна ерупција. 

Огромните облаци чад се кренале над планината Синабунг. 

Нивото на активноста на вулканот се зголеми во последните неколку недели, кога Синабунг во повеќе напврати исфрли облаци од врел пепел. 

Синабунг се „врати во живот“ во 2010 година, по прв пат по 400 години. 

Во мај минатата година седум лица загинаа при една од ерупциите на Синанбунг, додека во февруари 2014 година 16 лица настрадаа при ерупција.