Бизнис
18. August 2015 - 16:19

Нова австриска компанија од септември почнува со работа во Виница

Нова австриска инвестиција во индустриската зона во Виница. Изградбата на фабрииката е завршена, со работа треба да почне од следниот месец.

Оваа компанија е една од 6 кои во моментов се градат  во индустрсиката зона во Виница, информираше премиерот Груевски при вчерашмата посета на новите капацитети, кои ќе отворат и нови работни места во овој регион.

-Она што е значајно за Виница освен Технолошко индустриско развојните зони, што се гради од страна на Владата, градоначалникот изгради индустриска зона и ги продаде сите 11 парцели од кои на 6 веќе се градат нови фабрики од кој што една е веќе готова и очекуваме веќе од септември да го почне своето работење, тоа е автриска инвестиција која во моментот врши тестирање на своето продизводство., изјави премиерот Никола Груевски.

- Текспорт веќе има вработено 140 лица, а  до крајот на година ќе вработи уште 40 лица. Но плановите на оваа компаниај се да отвори 250 работни места. Со останатите 5 капацитети кои се градта планирани се уште 100 вработувања, што значи во овој регион ќе се отворат од 250 до 300 работни места, изјави Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Користејќи ги активните владини мерки, домашната компанија Винчини го прошири своето производство и извезува над 100 тина земји. До сега брои 505 вработени, но со инвестиција од 4,5 милиони евра ќе отвори  нов производствен капацитет и дополнително ќе го зголеми бројот на вработени

-Тоа ќе значи нови 120 вработувања од кој 50 до крајот на оваа година. Од она што бев запознат станува збор за фабрика која постојано расте и постојано профитот го реинвестира и мерките кои владата ги спорведуваше особено делот да може реинвестираната добивка да не се одначува многу им помага затоа што целата добивка оваа компанија ја реинвестираше, додава премиерот Груевски .

Новите инвестиции отвараат нови работни места, каде покрај виничани се  вработуваат и лица од околните градови, кои својата екзистенција ја наоѓаат токму во ваквите капацитети.