Балкан
19. September 2017 - 10:13

Нов заплет за убиената Јелена: Свекорот вмешан во убиството, го издаде мобилниот

Нов заплет во случајот за убиството на ѕвездата на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Пејачката која брутално беше убиена на насипот кај Борча, имала девет дупки во главата, целата била крвава, според анализите на форензичарите имала варикина на рацете и била брутално малтретирана и убиена.

Откако нејзиниот сопруг е во притвор, неговиот татко рече во јавноста дека таа имала љубовник, познат бизнисмен, и дека се заканиле дека ќе им го убијат детето ако кажат нешто. Сепак, според новите податоци на српски Курир, свекорот е вмешан во убиството.

Во близина каде беше убиена Јелена беше пронајден мобилен телефон, а тоа бил токму неговиот. Тој неколку пати му вртел на Зоран во моментот кога Јелена била убиена.