Ракомет
15. October 2017 - 18:56

Нов убедлив пораз на ракометарите на Охрид во дуелот со Порто

 
 
Ракометарите на Охрид и по втор пат се убедливо поразени во дуелот со Порто, со што го завршија својот настап во ЕХФ Купот
 
Откако на вчерашната прва средба, португалскиот тим славеше со 37:20, денеска разликата беше уште поголема. Охриѓани го загубија денешниот меч со 18 голови  разлика, односно конечни 44-26, откако првото полувреме заврши со резултат 25-13. 
 
Со тоа македонскиот претставник неславно го заврши својот настап уште во  првото коло во ЕХФ Купот.