Loading Video...
Кошарка
17. December 2017 - 9:54

Нов убедлив пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе уште еден убелив пораз во регионалната АБА лига. 

На гостувањето во Белград кај Партизан во меч од 12.коло, МЗТ Скопје Аеродром загуби со 112:94 по четвртини 32-19, 37-23, 19-28 и 24-24. 

Целата работа беше завршена уште по првото полувреме во кое аеродромци примија 69 поени, а постигнаа 41. 

Бојан Трајковски со 20 поени беше најефикасниот играч на МЗТ Скопје. Двоцифрен број на поени постигнаа и Дарко Соколов 14, Јуре Лалиќ 13 и Дамјан Стојановски12.

По овој меч, МЗТ Скопје останува „закован“ на дното на табелата со  само 2 победи и дури 10 порази, додека Партизан е на 5.место со 6 победи и исто толку порази. 

Во следното 13.коло, МЗТ Скопје го пречекува ФМП во меч закажан за во петок (22 декември).