Фудбал
26. July 2016 - 9:25

Нов убедлив пораз на македонските јуниорки на ЕП

 Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе и вториот пораз на во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.
 
Избраничките на селекторот Горјан Стојановски, во натпреварот од 2.коло на Ц групата синоќа беа декласирани од врсничките од Ирска со убедливи 100-39  четвртини 15-10, 28-12, 27-7 и 30-10.
 
Во редобите на нашата селекција единствено Цветанка Димова имаше двоцифрен број на поени (10), додека Сара Споровска беше втор стрелец со 9 постигнати поени.
 
Денеска од 16 часот и 15 минути нашите млади кошаркари ќе го играат натпреварот од 3.коло против селекцијата на Естонија, а во последното коло од групната фаза за противник ќе ја имаа Англија (во среда од 16.30 часот).