Кошарка
27. February 2017 - 12:12

Нов „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук

 
Расел Вестбрук продолжува со своите фантастични игри во дресот на Оклахома Сити.
 
Вестбрук одново беше предводеник на „Тандерси“ , овојпат во победата над Њу Орлеанс со 118-1013. Тој средбата ја заврши со учинок од 41 поени, а имаше и по 11 скокови и асистенции. Ваквиот учинок за Весбрук е негов 29-ти „трипл-дабл“ сезонава, со што тој уште еднаш потврди дека е најсериозен кандифат за признанието „МВП“ (најкорисен играч) во регуларниот дел од сезоната. Поддршка на Вестбрук во синоќешниот меч беше Енес кантер кој мечот го заврши со 20 поени и 9 скокови.
 
Кај гостите од Њу Орлеанс најефикасен беше Ентони Дејвис со 38 поени, додека Де Маркус Казнс средбата ја заврши предвреме со шест лични грешки, а со дабл-дабл учинок од 31 поен и 10 скокови.
 
Од останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, ја издвојуваме победата на Бостон на гости кај Детроит со 104-98. На овој меч во тимот на „Селтикси“ петмина играчи имаа двоцифрен број на поени, а најмногу 33 постигна Аизеа Томас Јуниор.
 
ЛА Клиперс и Шарлот го одиграа најнеизвесниот натпревар кој заврши со победа на домаќините од 124-121 дури по продолжението.
 
На другите среби беа постигнати овие резултати: Торонто – Портланд 112-106, Денвер – Мемфис 105-98, Вашингтон – Јута 92-102, ЛА Лејкерс – Сан антониот 98-119 и Милвоки – Феникс 100-96