Кошарка
16. February 2017 - 9:30

Нов „трипл-дабл„ на Расел Вестбрук

Најсериозниот кандидат за признанието МВП во регуларниот дел од сезоната на НБА лига, ѕвездата на Оклахома, Реасел Вестбрук повторно оствари трипл-дабл. Тој синоќешниот меч против Њујорк го заврпи си учинок од 38 поени 14 скока и 12 асистенции, а Оклахома славеше победа над Њујорк со 116:105.
 
Вестбрук сезонава веќе има 27 трипл-дабл мечеви и изби на третото место по бројот на вакви остварувања во текот на една сезона. Пред Вестбрук сега се само две големи легенди. Вилт Чемберлен во сезоната 1961/62 имаше 42 трипл-дабл мечеви во сезоната, додека Оскар Робертсон во сезоната 1967/68 имал 31 натпревар со вакви бројки зад своето име. 
 
Трипл-дабл утрово имаше и Џејмс Харден, но неговиот Хјустон загуби на свој терен од Мајами. Харден даде 38 поени, а имаше и по 12 асистенции и скока, но не можеше сам да се спротистави на „жешките“.
 
Резултати: Кливленд - Индијана 113:104, Орландо - Сан Антонио 79:107, Бостон - Филадефлија 116:108, Бруклин - Милвоки 125:129, Детроит - Далас 98:91, Торонто - Шарлот 90:85, Хјустон - Мајами 109:117, Мемфис - Њу Орлеанс 91:95, Денвер - Минесота 99:112, Феникс - ЛА Лејкерс 137:101, Јута - Портланд 111:88, Оклахома - Њујорк 116:105, Голден Стејт - Сакраменто 109: 86, ЛА Клиперс - Атланта 99:84.