Живот
29. April 2017 - 20:41

Нов тренд на друштвените мрежи - покажи им го на сите својот секси задник!

Следниот пат кога ќе уживате во прекрасен пејзаж, можеби на хоризонтот ќе забележите нешто неочекувано – гол задник!

Ако ја сликате својата позадина и ја објавите фотографијата на интернет, тоа е површно. Но, ако го направите истото тоа пред прекрасна глетка, тогаш тоа е уметност. Барем на такво мислење наведува новиот тренд на интернет.

Инстаграм профилот под име 'Cheeky Exploits' неодамна почнал да ги собира примерите на овој нов интернет занес.

„Во реалноста, овој тренд воопшто не е тренд, туку само мамка за лековерни луѓе кои ќе ви испраќаат слики од своите задници. Добро сте го смислиле тоа“, гласи еден од коментарите на досега објавените разголени фотографии.