Свет
20. јуни 2017 - 23:23

Нов терористички напад - Евакуирана железничка станица во Брисел

Во централната железничка станица во Брисел е совладан терорист кој на себе имал експлозивни направи, и кој се обидел да пука врз полицајци, јавија бриселски медиуми.

Засега противречни се извештаите – дека првично е пукано од огнено оружје и дека е регистрирана експлозија. Терористот е жив, според првични извештаи на локалните медиуми.

Централната железничка станица во Брисел е евакуирана по наводна експлозија, јави ДПА повикувајќи се на полициски извори. 

Белгиската железничка компанија СНЦБ објави на Твитер дека полицијата побарала од нив да биде запрен железничкиот сообраќај.