Македонија
28. January 2016 - 20:24

Нов температурен шок: Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено попладне вдолж Повардарието.

Температурата ќе се движи од девет до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе достигне до 11 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, што ќе услови постепено топење на снежната покривка на планините.