Македонија
11. December 2017 - 17:13

Нов случај на самоубиство: Eкспертите предупредуваат - депресијата најчеста причина за посегнување по сопствениот живот

Депресијата и шизофренијата се најчестите причини поради кои луѓето посегнуваат по сопствениот живот. Психијаторката Славица Арсова вели дека суицидните нагони се почести кај постарата популација, но загрижува фактот што најчеста причина за смрт кај младите лица е токму самоубиството. Кај потешките душевни растројства серизно влијание имаат и временските услови.

Д-р Арсова вели дека депресијата е сериозно душевно растројство кое бара долготраен третман. Порачува пациентите наместо кај пријатели, да побараат стручна помош во соодветни институции.

За разлика од скандинавските земји каде бројот на самоубиства е во постојан пораст, Македонија е во групата на земји со помала стапка. Според статистиката на МВР, во првите 9 месеци од годинава во Македонија се регистрирани 79 случаи на самоубиства, во однос на лани кога во текот на целата година животот си одзеле 125 лица.

Последниот регистриран случај е 37-годишна жена која вчера попладне си ги одзема животот во скопската општина Карпош. Нејзиното тело го пронашол случаен минувач, а по констатираната смрт е предадено на обдукција.