Свет
17. May 2017 - 16:47

Нов скандал ја тресе Белата куќа, Трамп барал од ФБИ да ја запре истрагата за Флин

Нов скандал ја тресе Белата куќа. Трамп барал од ФБИ ја поништи истрагата за врските на екс советникот за национална безбеднсот Мајкл Флин со Русија.

Според престижниот Њујорк Тајмс, во февруари  американскиот претседател му рекол на  тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми  да ја прекине истрагата.

Инаку Трамп пред една недела го отпушти Коми. Претседателот никогаш од никого не барал да суспендира било какви истраги се вели во реакцијата на Белата куќа.