Балкан
23. February 2017 - 23:48

Нов шок: Се подготвува жолт дожд, песок од Сахара ќе го прекрие Балканот

Големо количество прашина од Сахара се очекува кон крајот на оваа недела во воздухот над Иберискиот полуостров, Медитеранот и Западниот Балкан, под влијание на два система со низок притисок. Овој „облак“ моментално е над централно Мароко.

Посебно големо количество прашина се очекува над поголемиот дел од западниот Медитеран, над Малта и Италија, Јонско и Јадранско море и на Балканот, посебно во Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија.

Кога прашината од Сахара ќе прекрие некој предел, тоа се манифестира со тмурно небо, лоша видливост и небо кое е жолтеникаво, портокалово или кафеаво. Дел од прашината ќе падне на тлото низ дожд, но значително поголемо количество ќе падне низ дождот во петок и во сабота над Балканот и Медитеранот.

Жолтеникавата прашина од Сахара највоочлива е врз автомобилите.