Фудбал
25. February 2018 - 12:25

Нов рекорд на Меси, најдобар асистент во Шпанија

Екипата на Барселона убедливо со 6-1 ја совлада Џирона во меч од шпанското првенство кој мина и со нов рекорд на Лионел Меси.
Аргентинецот на оваа средба ја запиша 148-та асистенција со што е најдобар во овој сегмент од играта во фудбалска Шпанија со една асистенција повеќе од некогашната легенда на Реал , бекот Мичел Салгадо.
Покрај асистенцијата Меси постигна и два гола додека 3 пати во листата на стрелците се запиша Суарез и еднаш Кутињо кој го постигна својот дебитантски гол во Примера.