Спорт плус
15. July 2016 - 15:57

Нов рекорд на Блажевски на 200 метри

Нов Апсолутен рекорд на пливачот Марко Блазевски на 200м.мешано 2,02.98. Доцна
 синоќа во Гринсборо Акватик  Центер на натпреварот СПИДО  ЕССЗ СЕНИОР СЕКШИОНАЛС во НК ,УСА Марко победи во трката на 200м мешано и уште  еднаш ја потврди и подобри нормата за Олимпијадата во Рио .Претходно неговиот најдобар резултат и државен рекорд 2.03.65 беше поставен на истиот овој базен на 17.07.2014г.. На натпреварот настапи и Анастасија Богдановски на 50 м. слободно 0.26..55 и го освои 5 место.