Кошарка
2. July 2017 - 19:29

Нов пораз на македонските јуниори од Турција

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години е поразена од Турција во натпревар од меѓународниот турнир кој се одржува во Истанбул. 
 
Откако вчера избраниците на селекторот  Ѓорѓи Кочов убедливо ја совладаа Словачка (83-61), денеска тие беа совладани од турските врсници со 96:57 по четвртини 27-13, 18-18, 29-10 и 22-16.
 
Поразот беше најавен уште по првата четвртина која домаќините ја добија со 27-13, а на полувремето имаа предност од 45-31. Вториот дел турските јуниори го одиграа рутинирано и од минута во минута ја зголемуваа предноста која на крајот изнесуваше 39 поени (96:57)
 
Дури петмина турски кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, додека кај нашата селекција „двоцифрени“ беа Павле Михајловски со 13 и Лука Стојановски со 12 
 
Утре овие две репрезентации ќе одиграат уште еден меч, додека во понеделник и вторник македонските јуниор ќе играат два натпревари против врсниците од Бугарија