Loading Video...
Кошарка
17. March 2018 - 17:11
Нов пораз на Голден Стејт и нов „трипл-дабл“ на Вестбрук
Во НБА лигата ноќеска беа одиграни шест натпревари.
Најголемото изненадување го направи Сакраменто кој го совлада шампионот Голден Стејт со 98-93, нанесувајќи му го третиот поразот на четирите последните средби.
Оклахома пак ја оствари петтата победа во низа, откако прес својата публика го совладаа ЛА Клиперс со 121-113, а повторно најзаслужен за триумфот на „Тандерси“ беше Расел Вестбрук, кој четврти пад едноподруго оствари „трипл-дабл“ сега со 16 поени, 10 скока и 11 асистенции).
Најнеизвесно беше на дуелот Торонто – Далас кој Репторси го добија по продолжението со 122-115, додека Лејкерси на домашен терен загубија минимално со 92-91 Мајами.
Бостон ја прекина серијата од два порази и славеше на гости кај Орландо со 82-93. Филаделфија го совлада Бруклин со 120-116.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->