Кошарка
18. October 2017 - 21:41

Нов пораз на АВ Охрид во АБА 2 лига

 
 
 Кошаркарите на АВ охрид го претрпеа и вториот пораз во регионалната Втора АБА лига. 
 
Охриѓани на гостувањето во Цетиње, кај црногорскиот тим Ловќен загуби со 94:72 по четвртини  24-17, 23-20, 24-17 и 23-18.
 
Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше американецот, Кенет Рос со 23, додека неговиот сонародник Реми Бери средбата ја заврши со 16 поени. 
 
Во следното 3.коло, АВ Охрид ќе игра на домашен терен против екипата на Вршац во мечот кој е закажан за 25 октомври. ит/