Македонија
29. November 2016 - 12:18

Нов парк кај поранешно КТК

Просторот на поранешното КТК на подножјето на Водно, под црквата „Св. Јован“ во населбата Капиштец, доби нов изглед. Наместо запуштена јавна површина, обрасната со диви дрвја и грмушки, општина Центар спроведе проект за хортикултурно уредување и направи парк со површина од 640 метри квадратни.

Во новиот парк засадени се речиси 400 зимзелени и листопадни садници и грмушки, како и 15 листопадни дрвја.

Како што информираат од општина Центар, дел од садниците имаат специфичен розов цвет, дел  ја менуваат бојата на цветот, а засадени се и садници со жолти листови.