Фудбал
9. July 2015 - 11:53

Нов пад, Македонија 105-та на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација бележи нов и тоа за пет места на најновата ФИФА ранг листа, па во моментов "црвено-жолтите" се на 105-тата позиција.

 
Од противниците во квалификациите за ЕП, Шпанија излезе од топ 10, сега е на 11. место, Словачка е 15-та, Украина е на 27-мата позиција. Белорусија е пет места подобра од нас (100), додека Луксембург е на 146. место.
 
Меѓу првите десет селекции има промени. Аргентина се искачи на првото место, следуваат: Германија, Белгија, Колумбија, Холандија, Бразил, Португалија, Романија, Англија и Велс кој игра одлични квалификации.