Бизнис
13. August 2015 - 20:22

Нов оглас за обука на 500 невработени кај познат работодавач

500 невработени лица од утре можат да почнат со обука кај познат работодавач. Објавен е новиот оглас , преку кој  невработените можат да се стекнат со потребните знаења и вештини, а за тоа да добиват паричен надомест од 6,200 денари во наредните 3 месеци. Фирмите кои ќе се одлучат да примат невработени  лица на обука  ќе добијат до 25 илјади денари. После тоа, ќе треба да вработат најмалку 50% од лицата кои биле на пракса  минимум една година

-Оваа мерка носи поволности за невработените лица кои може да се стекнат со вештини и знаења кои се бараат на пазарот на труд и побрзо и полесно да стигнат до своето работно место, а од друга страна, пак, поволностите за приватните компани се да најдат соодветен кадар, да го обучат и понатаму да ја искористат мерката „Македонија вработува, односно да бидат ослободени од плаќање социјални придонеси за секое вработено лице преку оваа мерка, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Првиот човек на Агенцијата Поповски најавува можни измени, по барање на бизнисот. Наместо 3 , обуките , зависно од тежината да се пролонгираат на 6 месеци. Газдите можат да добијат и даночни ослободувања, од проектот Македонија вработува  во зависност која категорија на лица ќе ангажираат

Владините мерки и проекти за намалување на невработеноста даваат резултати. Во валандовската фирма Дока, 10% од вкупно вработените се ангажирани преку некоја од мерките.

Секојднавно расте и бројот на лица ангажирани преку проектот Македонија вработува. За три и пол месеци  откако стапи на сила , вработени се над  4.500 лица