Македонија
29. May 2017 - 16:39

Нов оглас за грантови за самовработување

Невработените лица кои  сакаат да започнат сопствен бизнис од денеска можат да аплицираат за неповратни 4,000 евра.  Објавен е огласот за додолување грантови за самовработување    Во  наредните 15 дена ќе се собираат апликациите., потоа ќе се изработуваат бизнис плановите. Финансиката помош во опрема и репроматеријали ќе ја добијат во септември.

Тонско , Ова е втора фаза од оперативниот план за 2017 година за програмата за самовработување. Со неа во првата фаза беа опфатени 600 лица, а во втората фаза 400. За цела година планирано е да бидат опфатени 1.050 невработени лица од евиденцијата на АВРМ, активни баратели на работа, во 1.000 новоотворени микро компании., изјави Влатко Поповски, директор на Агенциај за вработување

За  реализација  на оваа мерка издвоени се 4 милиони евра. Целта на програмата е да се поттикне препримеништворто  и да се поддржат бизнисите кои ќе обезбедат одржливи врабоувања

Од 2007 година од кога се спроведува мерката досега, како што рече, се отворени 8.730 компании, 8.970 лица се вработени, од кои 70% се  уште се во работен однос.