Македонија
13. February 2018 - 13:00

Нов напад на куче - 17-годишен скопјанец заврши во болница

Уште еден напад од бесно куче ги вознемири скопјани. Според информацијата на полицијата, вчераво 22:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.М. (49) од Скопје пријавил дека истиот ден во 19:30 часот на ул. „Лука Геров“ неговиот 17-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата подколеница.