Македонија
29. October 2015 - 19:54

Нов кров за средното училиште во Кратово

Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово доби нов покрив со пари од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Реновираниот објект во употреба го пуштија полковник Томас Батлер, воен аташе во Амбасадата на САД во Скопје, градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски и директорот на училиштето Тони Јанев.

Во реновирањето на училишната зграда со 20.000 евра учествуваше УСАИД, а остатокот беше обезбеден од буџетот на локалната самоуправа. Овој проект е плод на успешната соработка меѓу средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово и средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково.

Преку овој проект учениците Македонци и Албанци се дружеа, запознаваа и учеа за културите на двата народа.