Нов конвој со помош се упати кон сирискиот град Мадаја
Конвој од 50 камиони со хуманитарна помош тргна денеска од Дамаск кон опколениот сириски град Мадаја, јавија западни медиуми повикувајќи се на очевидци.
Тоа е втор конвој од почетокот на неделава што оди кон градот во близина на границата со Либан и во кој се блокирани илјадници луѓе. Лекари претходно предупредуваа дека на жителите на Мадаја, која е под опсада на државните сили веќе шест месеци, им се заканува изгладнување до смрт.
Лекари без граници соопштија дека 28 луѓе ги загубиле животите од глад од 1 декември во градот кој има околу 40.000 жители. ОН побараа итна евакуација на најзагрозените од тој град.
Конвој од 44 камиони со храна за првпат достави помош во тоа подрачје во октомври лани. Жители велат дека храната е толку ретка што килограм ориз чини 270 евра.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата